Годинава Скопје ќе добие новогодишен базар: Се најавуваат спектакуларни настани
Од 24 до 28 декември, просторот пред арената „Борис Трајковски“ ќе се претвори во новогодишна идила - WINTERFESTIVAL, фестивал кој ќе го донесе духот на европските божиќни базари во Скопје.
Посетителите ќе уживаат во топла празнична атмосфера, богата музичка програма, streetfood деликатеси, детски активности и тематски зимски забави.
Со мирис на зима, топла храна, празнични пијалаци како греени (вино, џин, ракија и пиво), чај и посебни фестивалски менија оваа зона ќе го направи WinterFestival срцето на градот.

Фестивалот ќе донесе цела плејада популарни диџеи, артисти и бендови кои ќе настапат во периодот од 24 до 28 декември како: TheRingtones, Куку Леле, Дуо Дис, BreakdownBand, Васил Ангелов со бенд, DJIvan, DJGuardian, DJOmimann, DJFicho, DJTinaMickovska, DJFoodieman, DJMats, DJFreeky, DJTami, DJBono.
Дополнително, на сцената ќе настапат и урбаните танчари BreakaLeg, кои ќе донесат силна енергија и визуелен спектакл, а пак за најмалите WinterFestival ќе има: забави со маскоти, аниматори, интерaктивни детски активности и др.

Фестивалскиот простор ќе биде автентично уреден по пример на европските Божиќни базари со дрвени куќарки, голема елка, празнични украси, топол амбиент, светлосни инсталации, зимска декорација и магично празнично чувство кое ќе ве пречека на секој чекор.
Freepik