Дарио со нова моќна балада: „Ковчег со злато“ е песна за вистинската среќа во животот

Добивај вести на Viber

Уште една песна со убава порака, напиша и сними кантавторот Дарио. „Ковчег со злато“ е неговата нова балада за која рече дека е посветена на вистинските човечки вредности и вистинската среќа. Дарио е автор на музиката и текстот, а Кристијан Габровски, неговиот постојан соработник, го направи аранжманот. Режисер на спотот е Александар Ристовски-Принц.

-Не е среќа ковчег со злато кој нема ништо да значи, кога ќе дојдеш на крајот од патот. Среќа е да остариш мирно крај тој што те сака, заедно рака за рака, исто 'ко некогаш така – пее Дарио во новата балада за која Принц направи спот кој одговара на приказната за песната.

-Оваа песна е најава за мојот нов албум кој наскоро треба да излезе. Со голема љубов и мерак се напишани и снимени сите песни од албумот. Се радувам дека наскоро ќе излезе – вели Дарио.