„Спектакуларен старт: Голд Фелициа Тетово официјално ги отвори вратите со незаборавно шоу“
Синоќа во Тетово се одржа свеченото отворање на новиот објект „Gold Felicia Tetovo“, комплекс кој обединува современо казино со жива игра, ресторан и хотел со врвни сместувачки капацитети. Настанот привлече огромен број посетители, а атмосферата од првиот момент ја одбележаа гламур, елеганција и извонредна организација.

Со отворањето на казиното, кое располага со слот апарати од последна генерација, како и маси за покер, рулет и блек џек со жива игра, во Тетово се поставува нов стандард во понудата за забава и хоспиталитет. Просторот е уреден во модерен стил, со нагласен луксуз и висок степен на удобност, а посетителите уште на првата вечер имаа можност да го почувствуваат специјалното искуство кое Gold Felicia го нуди.

Покрај казиното, на свеченоста беше претставен и новиот ресторан со внимателно селектирана гастрономска понуда, како и хотелот кој обезбедува висок степен на комфор и приватност за гостите. Со ова, Gold Felicia Tetovo станува целосна дестинација за забава, престој и софистицирана услуга.
Вечерта ја заокружи настапот на уникатното Gold Felicia Cabaret, препознатливо по својот висок уметнички квалитет и впечатлива сценографија. Публиката ја исполни салата до последно место, а изведбата придонесе за исклучителната атмосфера која доминираше целата вечер.
Со новиот комплекс, Gold Felicia ја зајакнува својата позиција како бренд кој воведува нови стандарди во забавната и угостителската индустрија, а Тетово добива ново реперно место кое ветува квалитетни содржини, професионален пристап и искуства што се паметат.





