Нацијата е гневна на неа: Единствената Србинка која во мечот Србија-Албанија навиваше за Албаниците

Капитенот на албанската репрезентација, Берат Џимшити, ги изнесе своите впечатоци по победата над Србија во Лесковац.
Албанија приреди големо изненадување во квалификациите за Светското првенство 2026 година, откако на гостувањето во Лесковац ја совлада српската репрезентација со резултат 1:0.
По големиот триумф, со кој Албанците речиси сигурно обезбедија место во баражот, за медиумите зборуваше капитенот на Албанија, Берат Џимшити, кој инаку е српски зет.
Неговата сопруга е атрактивната српска манекенка и модна дизајнерка – Алиса Миленковиќ.
По триумфот над Србија, капитенот на Албанија откри дека првата честитка ја добил токму од сопругата.
„Првата честитка беше од сопругата и семејството. Добиените пораки беа многу, не сум ги отворил сите, но најважни се оние од семејството, родителите и сопругата“, изјави Џимшити.
Следеше ново прашање за сопругата – новинарите се интересираа за кого навивала Србинката на овој натпревар.
„Сопругата? Сопругата е со мене,“ гордо одговори Албанецот.
Берат е роден во Швајцарија, а потекнува од Косово. Додека играл за Цирих, ја запознал згодната Србинка.
Во среќна љубовна врска се повеќе од пет години и никогаш не дозволиле лошите односи меѓу двете нации да влијаат на нивната љубов. Нивната „забранета љубов“, како што многумина ја нарекоа, стана тема во јавноста во 2015 година, пред натпреварот меѓу Србија и Албанија.
Тогаш Албанците гордо најавуваа дека огнената манекенка ќе биде единствената Србинка која на тој меч ќе навива за Албанија.