Зошто се плаче кога „се зема невестата“ – психолошкото и духовното објаснување на Мери Амбросова

Традицијата на „одење по невеста“ во Македонија често се доживува како дел од свадбениот ритуал и весела церемонија, но познатата психолог и системски коуч за партнерски односи Мери Амбросова открива дека зад тој чин се крие длабока психолошка и духовна смисла.
Амбросова објаснува дека плачењето на „земањето на невестата“ не е само емоција, туку свесен премин – момент кога жената симболично ја остава улогата на ќерка и преминува во нов животен систем, како сопруга и идна мајка.
Овој ритуал, според неа, не е прашање на обичај, туку начин на психолошка подготовка за големата промена. Со благослов од родот, невестата не се „предава“, туку добива сила и благослов да создаде нова гранка од својот корен.
„Земањето на невестата“, вели Амбросова, е чин на почит и рамнотежа меѓу два рода – не е купување или предавање, туку спојување на две семејства во енергетска и духовна целина.
Нејзината порака е јасна: традицијата не треба само да се следи, туку и да се разбере – затоа што секој обичај носи психолошка и симболична вредност што ја поврзува личноста со нејзините корени и иднина.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм официјален профил