Брз појадок од кој ќе барате повеќе и повеќе, ви треба само 1 состојка од дома: Рецепт за секое утро

Добивај вести на Viber

Одлична идеја за брз и вкусен појадок!

Рецептот е идеален за секое утро - обилен и брз појадок што ќе ве натера да ги лижете прстите, ви треба само оваа состојка од дома.

Овој брз и обилен појадок е идеален за зафатено утро. Домашната состојка што ви е потребна е секогаш при рака, а рецептот е едноставен и ефикасен.

Состојки:

– 2 јајца

– 100 г сирење

– 200 мл јогурт

- парчиња леб

– шунка

- кашкавал

Подготовка:

Изматете ги јајцата со сирење, потоа додадете јогурт и добро измешајте.

Намастете плех за печење со масло, потоа потопете го лебот во смесата и наредете го на плехот.

Наредете ја шунката, потоа прелијте го остатокот од смесата и ставете го кашкавалот.

Печете на 220 степени околу 15 минути.


РЖМ/ИС  - Фото: принтскрин