Мина мала копија на тато: Еве што се славеше во домот на Александар Белов и Јелена

Сопругата на пејачот Александар Белов, Јелена, го прослави својот роденден во интимна и топла семејна атмосфера, опкружена со најблиските – сопругот и нивната ќерка Мина, која, како што забележаа многумина, веќе пораснала во вистинска мала дама.
Јелена на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од убавиот семеен момент, на кои се гледа топлината, блискоста и едноставноста што ја одликува нивната семејна хармонија. Со свечено парче торта, насмевки и прегратки, таа прослави уште една година живот, испраќајќи порака која многумина ја почувствуваа длабоко:
„Spoznajmo sreću koju vreme donosi, nemojmo brojati godine koje vreme nosi.“
Да ја спознаеме среќата што времето ја носи, а не да ги бројиме годините што минуваат. Со тие зборови, Јелена потсети дека животот не се мери со бројки, туку со мигови што не полнат со љубов и благодарност.
Пејачот Александар Белов, познат по својата емотивност и блискост со семејството, беше видно расположен, а заедно со малата Мина ѝ помогнаа на Јелена да ги изгаси свеќичките на роденденската торта.
Фановите коментираа дека „Јелена зрачи со природна убавина и мир“, и дека Мина сè повеќе личи на неа. Роденденот минал во семејна атмосфера исполнета со љубов, смеење и моменти што остануваат во срце.
Токму во ваквите едноставни моменти се гледа суштината на животот – љубовта, домот и луѓето со кои го делиме секојдневието. А Јелена Белов со својата порака нè потсети дека понекогаш најголемата среќа е во она што е наједноставно: да се биде заедно.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм