Кој би рекол дека Паланка, а не Барселона може да ви ги исполни животните соништа: Инспиративна приказна за љубовта која ги победи сите разлики
Кога животот ќе ти подари љубов, понекогаш си подготвен да оставиш сѐ зад себе и да тргнеш во непознато.
Токму таква е приказната на „девојката од Шпанија“, како што е позната на социјалните мрежи – млада жена од Барселона која го замени медитеранскиот брег со малото, но топло српско место – Смедеревска Паланка.
Сѐ започнало кога се вљубила во Андреја, Србин кој го запознала на социјалните мрежи. И покрај разликите во културата, јазикот и животниот стил, нивната врска цутела. Еден ден, без големи најави, таа спакувала куфер и со срце полно љубов заминала од родната Барселона, оставајќи зад себе семејство, пријатели и цел еден свет.
Во Паланка, заедно со Андреја, ја започнале својата приказна од нула. Од љубов и соништа, никна и идеја – бизнис со подготовка на традиционални српски комплет лепињи.
Иако странка, нејзината љубов кон српската кујна и посветеноста кон автентичниот вкус им донесе огромен успех. Денес, нивната занаетчиска работилница за комплет лепињи е позната низ целиот Балкан, а љубителите на традиционалната храна доаѓаат дури и од странство за да ги пробаат нивните производи.
Неодамна, парот организираше гала венчавка, по која започнаа ново поглавје – изградба на куќата од соништата. Без разлика на пречките, тие чекор по чекор градат иднина полна со надеж, вредности и заедништво.
Девојката од Шпанија, која сѐ уште не го открива своето вистинско име, ги инспирира илјадници следбеници со мотивациски видеа на тема нови почетоци, преселби, прифаќање на нови култури и живеење надвор од комфорната зона.
Таа често зборува за духовното богатство кое го нашла во православната вера и времето што го минува во манастирите ширум Балканот, каде ја пронашла внатрешната тишина и сила.
Нејзината приказна е доказ дека љубовта не познава граници, и дека со срце, храброст и вера – може да се изгради нов живот, таму каде што најмалку очекуваш.