Аја го доби својот прв репрезентативен дрес: Посебно изненадување за ќерката на капитенот Барди од ФФМ

Добивај вести на Viber

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, доби посебно изненадување од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по повод раѓањето на неговата прва ќерка – Аја.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор Горан Пандев, му приредија топла и емотивна честитка на Барди. Во знак на почит и радост по убавата вест, тие му подарија големо плишано мече облечено во дрес на македонската репрезентација со бројот 10 – бројот на капитенот – и со името „Аја“ испишано на грбот.

Изненадувањето беше исполнето со симболика и љубов, а гестот на водството на ФФМ го трогна Барди, кој во текот на вчерашниот ден и официјално ја доби „најголемата животна титула“ – станал татко.

„Честитки Енис Барди за најубавиот гол во животот, раѓањето на ќерката Aја!
Бидете здрави и нека ве радува, Aја“, напиша Омерагиќ во објавата.

View this post on Instagram

A post shared by Masar Omeragić (@masar.omeragich)

Заедно со својата сопруга Фестина, Барди ја доби ќеркичката Аја. Радосната вест прва ја сподели неговиот клуб TÜMOSAN Konyaspor од Турција, со фотографија од породилиштето и порака полна со емоции:

„Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата сопруга Фестина добија ќеркичка, на која и го дадоа името Аја. Му честитаме на семејството Барди и ѝ посакуваме на малата Аја среќен и здрав живот.“

Неколку часа подоцна, и самиот Барди се огласи на социјалните мрежи со фотографија од ќеркичката во неговите раце и со трогателна порака:

„Алах нè благослови мене и мојата сопруга со оваа прекрасна ќерка. Направи ја праведна и дај ѝ здравје.“

Радоста во семејството Барди доаѓа токму пред новиот предизвик за македонската репрезентација – квалификациите за Светското првенство. Под водство на својот капитен, Македонија ќе одигра два клучни натпревари во октомври:На 10 октомври – гостување против силната Белгија, на 13 октомври – домаќин на Казахстан во Скопје.

Во атмосфера исполнета со емоции, љубов и нова животна енергија, Барди влегува во нова фаза од својот живот, и како капитен и како татко – титула која, без сомнение, ќе му даде уште поголем мотив и сила на теренот.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм