Татковство на квадрат: „Еден месец дупла среќа“ за Бомбакис

Добивај вести на Viber

Македонскиот инфлуенсер и татко на две, Бомбакис, повторно го стопли срцето на своите следбеници со емотивна објава на Инстаграм. Тој сподели фотографија од неговите две ќерки – поголемата Бисера и најмалиот член во семејството, малата Јована, која со сопругата Вики ја добија пред еден месец.

Во стилот кој го прави препознатлив, Бомбакис направи споредба – како изгледала Бисера кога имала еден месец, а како изгледа Јована денес. Фотографијата која собра илјадници лајкови и коментари, ја проследи со искрена и топла порака:

„1 месец дупла среќа“.

Семејството отсекогаш било главна вредност во животот на Бомбакис. Тој често ја истакнува важноста на татковството и колку му значат тие мали, но бесценети моменти со сопругата и ќерките. Раѓањето на Јована го најави во свој препознатлив манир – со картон на кој пишуваше:

„Добредојде на овој свет Јована“, гест кој предизвика многу насмевки и честитки од неговата онлајн заедница.

Во свет каде што сѐ почесто се тркаме по материјални нешта, ваквите моменти се потсетник дека вистинското богатство лежи во семејството. Да се има дете не е само одговорност, туку и дар – можност да се биде дел од нешто поголемо, да се воспитува, љуби и расте заедно со нив.

Со Бисера и Јована во прегратка, животот на Бомбакис доби нова димензија – онаа која се мери не во лајкови, туку во насмевки, прегратки и љубов без граници.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм