dm ја поддржa успешно поминатата Конференција за Свесно Родителство 2025

Конференцијата Свесно Родителство 2025 во организација на Мама Круг и
родителство.мк се одржа во периодот од 1 до 4 октомври онлајн преку платформата
www.roditelstvo.mk, а
на 5 октомври кулминираше со настан во живо во хотел „Мериот“ во Скопје.
Мисијата на конференцијата беше јасна - да обезбеди поддршка, едукација и
инспирација за родителите, поттикнувајќи ги да се поврзат со своите деца на
подлабоко ниво и да ги воспитуваат со повеќе внимание, емпатија и разбирање.
Овој уникатен формат овозможи родителите да слушаат 17 предавања од врвни едукатори и експерти од земјата, кои споделија практични совети и алатки применливи во секојдневниот живот. Темите ги опфатија сите фази на родителството – од бебиња и мали деца, преку тинејџерските предизвици, па сè до динамиката на семејните односи. Она што ја направи конференцијата посебна беше практичната димензија: секое предавање беше збогатено со вежби, примери и конкретни насоки кои им помогнаа на родителите да применат нови методи на воспитување.
Првиот ден од конференцијата започна со теми што длабоко одекнуваат кај секоја мајка и секој татко – предизвиците на родителството во тинејџерските години и чувството дека „колку и да се трудиме, никогаш не е доволно“. Овие разговори отворија простор за искрена дискусија и споделувања на секојдневни искуства. Во деновите што следеа,се говореше за тоа како да се препознаат првите сигнали дека детето минува низ одредени потешкотии, за улогата на играта и природата во здравиот детски развој, како и за внесување хармонија и разбирање во односите меѓу браќата и сестрите. Отворени беа и теми за кои ретко се зборува во јавноста – како љубовта и партнерските односи се менуваат по станувањето родители, како да се гради блискост и доверба меѓу партнерите, но и како да се поддржи емоционалниот развој на децата преку нови образовни пристапи.
Компанијата dm drogerie markt со огромно задоволство ја поддржи конференцијата која отсликува една заедница на свесни родители и отвора простор на поврзување, учење и раст. На овој начин, секоја мајка и секој татко можат да добијат поддршка, сила и чувство дека не се сами на својот родителски пат.
ПР објава