„Први пољубац давно заборављен“ беше негов најголем хит: Почина Халид Бешлиќ

Добивај вести на Viber

Легендата на фолк музиката Халид Бешлиќ почина на 71-годишна возраст, пренесоа медиумите од регионот.

Халид Бешлиќ веќе некое време престојуваше во KCUS поради здравствени проблеми кои не успеа да ги надмине.

Ве потсетуваме дека Халид Бешлиќ доживеа здравствени проблеми за време на концерт во Бања Лука, по што беше хоспитализиран.

Во текот на последниот месец, тој беше префрлен на Одделот за онкологија.

Неколку недели пред неговата смрт, беше објавена неговата песна посветена на неговата сопруга Сади, која често ја споменуваше како поддршка во кариерата.

„Први пољубац давно заборављен“... Халид Бешлиќ ја наполни арената Борис Трајковски

РЖМ/ИС - Фото: Женски магазин