Актуелно // Жолта минута
СРПСКИОТ ПЕЈАЧ ТАЈНО СЕ РАЗВЕДЕ, А СО НОВАТА ЖЕНА ДОБИ СИН! Сега проговори за животот со неа

Пејачот Алексa Перовиќ (29) минатата година се разведе од сопругата Милица, со која има две ќерки, а во март оваа година се ожени со избраничката Исидора.
Со неа неодамна доби син и во интервју откри какво е неговото искуство како татко.
Сметам дека сум добар татко. Обожавам да бидам со децата. Уживам во семејството и мирисот на домот. Најмногу се гордеам што присуствував на породувањето – тоа е чувство што не може да се опише. На изворот си на животот, гледаш што поминува жената и што доживува бебето. Секому му препорачувам да биде таму, вели Алексa.
Тој истакнува дека зад сите негови успеси стои голема поддршка од сопругата Исидора.
Таа ме мотивира и ми дава сила да напредувам. Од мали гестови, па сè до тоа што ми праќа пораки ‘Добредојде дома’ после настап, таа е мојата најголема поддршка.
Многу од новите идеи за музика и авторски песни дојдоа од неа. За секој маж е важно да има партнерка која ќе го поттикнува да го оствари својот потенцијал, откри Перовиќ во емисијата „Жена за сите времиња“.
Алексa првпат стапил во брак со Милица, но парот се разведе во 2023 година, без јавноста да дознае. „Не сакав да правам скандали, ниту да градам кариера врз такви приказни. Сите ја фалеа нашата коректна комуникација и начинот на кој ја споделивме веста,“ вели пејачот.
Со новата сопруга Исидора, Алексa започна ново животно поглавје, а денес ужива во улогата на татко и сопруг, истакнувајќи дека семејството е неговата најголема инспирација и најважна улога.
Извор