„Вашата посветеност и топлина ни го подарија најголемиот подарок во животот – нашето дете“: По 22 години борба, за Соња и Марко сонот стана реалност

Добивај вести на Viber

После две децении исполнети со надеж, исчекување и тишина, Соња и Марко Миротиќ конечно го прегрнаа најголемото богатство – нивната ќеркичка Богдана. По 22 години борба за потомство, тие станаа родители, а нивната животна приказна доби најсветлата страница досега.

Соња и Марко пред неколку дена пристигнаа во приватната болница „Аџибадем Систина“, каде што лично му се заблагодарија на д-р Младен Ристески, специјалистот кој беше клучната алка во остварувањето на нивниот сон – да имаат дете. Шест месеци откако Богдана дојде на свет, секое нивно утро започнува со нејзината насмевка – насмевка што значи живот, надеж и исполнетост.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)

Оваа емотивна приказна не остана незабележана. Медиумите низ целиот регион ја пренесоа веста за Богдана, претворајќи ја во симбол на надеж за сите парови кои се соочуваат со слична борба. Нејзиното доаѓање на свет стана потсетник дека надежта никогаш не смее да згасне, дури и кога патот изгледа долг и неизвесен.

Во времиња кога борбата за потомство е често обвиена во тишина, страв и стигма, ваквите приказни даваат сила. Сведочат дека со медицинска поддршка, со доверба и љубов, можноста за нов живот е реална.

Богдана е повеќе од едно бебе. Таа е симбол на верба, трпение и победа.

За Соња и Марко – таа е сѐ.

Фото: Инстаграм