Антониа откри кој ѝ е сè во животот: „Те сакам бескрајно“

Добивај вести на Viber

**Антониа Гиговска со емотивна порака за роденденот на мајка ѝ: „Најважната личност во мојот живот“**

Македонската поп ѕвезда Антониа Гиговска уште еднаш покажа колку семејството ѝ значи, објавувајќи фотографија со нејзината мајка по повод нејзиниот роденден. Придружена со искрена порака:

„Среќен роденден за најважната личност во мојот живот. Те сакам бескрајно, мам“, напиша Антониа.

Познато е дека пејачката има исклучително близок однос со родителите. Во бројни интервјуа таа отворено зборува за нивната поддршка, нарекувајќи ги нејзина најголема – поткрепа, не само во кариерата, туку и во животот. Оваа силна врска ја покажа и неодамна, кога ја прими наградата за „Најдобра пејачка“ од естрадниот магазин Бекстејџ, која без двоумење им ја посвети токму ним – нејзините мајка и татко.

Животот под светлата на рефлекторите не е секогаш лесен. Антониа изминатите години беше честа мета на критики и осуди на социјалните мрежи – ситуации кои оставија трага. Но токму во тие моменти, семејството ѝ беше најсигурниот штит и прибежиште. Блискоста со нејзините најблиски ѝ помогна да остане стабилна, автентична и да продолжи да расте како уметник и човек.

Кога се занимаваш со јавна професија, поддршката од дома е најсилниот темел. Антониа тоа го знае многу добро – нејзината кариера не е само резултат на талент, туку и на стабилната љубов и поддршка што ја добива од најблиските.

Со роденденската порака до мајка ѝ, Антониа потсети дека вистинската сила често доаѓа од тивките херои зад сцената – родителите.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм