Зад тишината често стои тешка борба: Сузана Турунџиева со моќна животна лекција

Познатата ТВ водителка Сузана Турунџиева со една единствена објава на социјалните мрежи повторно ги допре срцата на многумина. Таа потсети на една сурова, но вистинита реалност: луѓето не се губат одеднаш, туку малку по малку – збор по збор, гест по гест, ден по ден, игнор по игнор.
„Доаѓа ден кога ниедни зборови и гестови не можат да ги вратат назад. Но, пак ќе речам: Не суди никому, немаш право!“, напиша Турунџиева.
Со овие зборови таа апелира да се ставиме во кожата на другите, пред да осудуваме. Наместо да се лутиме зошто некој не ни се јавил или исчезнал од нашиот живот, можеби токму тој човек минува низ потешка битка од нашата.
Пораката на Сузана е јасна – повеќе разбирање, повеќе човечност и помалку осуда. Некогаш токму малите гестови можат да бидат клучни за да го задржиме човекот до нас.
РЖМ/ИС - ФОТО: Фејсбук официјален профил Сузана Турунџиева