Македонецот кој ја импресионираше Хајди Клум: Моден миг што вреди илјада зборови

На фотографијата што самиот ја сподели, Октај и Хајди изгледаат како модно усогласен пар – и двајцата во елегантни сиви костими кои зрачат со софистицираност и стил. „She told me that we dressed similarly“, напиша тој со насмевка, додавајќи дека Хајди е „so cute“.
Но зад оваа фотографија се крие вистинска приказна – и еден искрен момент меѓу двајца луѓе кои ја споделуваат истата страст кон убавината и модата.
Октај откри како изгледала нивната средба:
„Неделава беше Paris Fashion Week… Имав прилика да видам и да стапам во контакт со повеќе јавни личности од светски рамки. По една од ревиите, седнав во ресторан најблиску до модната писта – и кога погледнав пред себе, буквално очи во очи ја видов Хајди Клум. Ми се насмеа благо, седеше со целиот нејзин тим и ќерка ѝ. Беше огромна чест лично да ја запознаам. Имавме доволна комуникација за да се запознаеме лично. Со еден збор – ЖЕНА ЛАВ Е. Изгледа како да има 33, а не 53 години! Мислам дека е пример за тоа како треба да изгледаат жените во иднина.“ - ни раскажа Октај .
Со типична искреност, тој додава дека токму Хајди била таа што прва му пристапила:
„Ми кажа со насмевка: ‘Имаме сличен костим!’ Во моментот се погледнав и сфатив дека навистина сме „matching“. Ме праша многу прашања, стапивме во контакт и морам да кажам дека беше неверојатно топла и природна. Најинтересно е што таа пристапи прва! Ми рече: ‘Зрачиш со посебна енергија, те забележав уште на ревијата.’ Во тој момент сфатив – колку можеме ние, Македонците.“
На крајот, Октај додава порака исполнета со мотивација и благодарност:
„Бидете трпеливи, следат добри проекти… само толку ќе откријам.“
Фотографијата од Париз не е само случајна средба, туку симбол на тоа дека талентот, енергијата и автентичноста секогаш најдуваат пат – дури и до светските модни икони. А кога зад тој сјај стои македонски потпис – тогаш тоа е приказна што инспирира.

Ирена Ставрова - ФОТО: Инстаграм официјален профил Октај Сејди
**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група