ПОСНА ТОРТА „БЕЛ ЕГИПЕТ“, СОВРШЕНА ЗА КРСТОВДЕН: Совршен вкус кој ќе ве овои на првото залче
Идеалнa e за секој празничен и свечен оброк.
Потребно е:
За корите:
*200 г лешници
*200 г меко брашно
*200 г мелени бисквити
*240 г шеќер
*20 г прашок за пециво
*50 мл масло
*6 лажици џем (200 г)
*400 мл вода
Фил I:
*1 литар растително млеко
*160 г (4 кесички) пудинг од ванила
*5 лажици шеќер
*100 г бело посно чоколадо
*250 г маргарин
*100 - 200 г шеќер во прав
Фил II:
*200 г шлаг
*250 мл минерална вода
*100 - 150 г печени мелени лешници
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Од вкупната количина млеко одвојте 200 мл, а остатокот ставете го во тенџере да зоврие. Измешајте го прашокот за пудинг, шеќерот и одвоеното млеко, потоа додадете го во зовриеното млеко и мешајте додека не се згусне. Тргнете од оган, покријте со проѕирна фолија и оставете да се олади. Во сад измешајте лешници, брашно, бисквити и прашок за пециво, потоа додадете масло, вода и џем. Добро измешајте и поделете ја смесата на 4 дела. Печете ги корите околу 15 минути, во рерна загреана на 180 степени. Одделно измешајте го омекнатиот маргарин со шеќерот во прав. Потоа изматете го изладениот пудинг и полека додадете го во маргаринот. Добро матете за да добиете еднолична смеса. Изматете go шлагот со минерална вода, потоа додадете ги мелените печени лешници и добро измешајте. Наредете ја тортата по следниот редослед: кора, фил I, фил II и така натаму до крај. На крајот, декорирајте ја тортата по желба.