Нина расте во прекрасна убавица: Ќерката на најбрзиот Македонец наполни 15 години!

Познатиот македонски рели возач Игор Иџе Стефановски сподели емотивна порака по повод роденденот на неговата ќерка Нина, која наполни 15 години.
„Среќен 15-ти роденден, Нинче. Нека сите твои желби се остварат, а животот да ти биде исполнет со многу насмевки и убави моменти. Те сакаме бескрајно!“, напиша гордиот татко, објавувајќи и заедничко видео со фотографии со ќерката.
Објавата веднаш предизвика бројни реакции од следбениците кои му честитаа и му порачаа дека Нина расте во вистинска убавица.
Стефановски, кој важи за еден од најуспешните македонски автомобилисти и првак на Европа во рели, често споделува семејни моменти со своите најблиски, покажувајќи дека покрај тркачките патеки, најважна му е семејната топлина.
Љубовта меѓу татко и ќерка повторно докажа дека не познава граници – дури ни оние на големата брзина.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм принтскрин