Македонката Тина Русева „растури“ на сцената на „The Voice of Germany“ – публиката аплаудираше, жирито го воодушеви!

Добивај вести на Viber

Македонката Тина Русева испиша историја со тоа што стана првата учесничка од Македонија во престижното музичко шоу „The Voice of Germany“, кое годинава влегува во својата 15-та сезона. Со својот енергичен и емоционален настап, Тина буквално  „растури“ сцената, освојувајќи ги срцата на жирито и публиката.

Нејзиниот прв настап беше проследен со громогласни аплаузи, поддршка од гледачите и силни позитивни реакции на социјалните мрежи. Слободна, опуштена и самоуверена, Тина настапи како вистинска ѕвезда, а по настапот кратко напиша:

„Сонот стана јаве“.

View this post on Instagram

A post shared by Tina Ruseva THE VOICE OF GERMANY 2025 (@tina.ruseva)

Русева, која потекнува од музичко семејство од Струмица, моментално живее во Леверкузен, Германија. Музиката за неа е семејно наследство – нејзиниот татко е тапанар, а мајка ѝ пејачка, што уште од најмали нозе ѝ ја всадило љубовта кон музичката уметност.

Во неодамнешно интервју за Женски магазин, Тина открива низ што поминала за да се најде на сцената на најгледаното музичко шоу во Германија:

 „Секогаш со гордост ја претставував Македонија. Секој настап беше ново патување, ново искуство и нова приказна. Животот ме однесе во Леверкузен, Германија, но моите соништа останаа исти. Од првиот ден овде си поставив цел: да застанам на сцената на The Voice of Germany. Тоа не беше лесен пат – поминав низ неколку селекции, долго чекање, многу адреналин, неизвесност и сѐ надеж. Но, не се откажав. И конечно успеав.“

Учеството во едно од најголемите музички натпреварувања во Европа за Русева е повеќе од само настап – тоа е исполнување на сон, но и можност да ја претстави Македонија пред милионска публика:

Нејзиниот настап претставува не само личен успех, туку и причина за национална гордост. Со својот талент, харизма и емоција, Тина Русева веќе е гласот на новата македонска музичка надеж на меѓународната сцена.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм

Од Струмица до Леверкузен: Тина Русева ќе ја освојува Европа со учество на најголемото музичко шоу „The Voice of Germany“

    Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група