Од Струмица до Леверкузен: Тина Русева ќе ја освојува Европа со учество на најголемото музичко шоу „The Voice of Germany“

Добивај вести на Viber

Родена е во Струмица и израсната во ритамот на музиката. Татко ѝ е тапанар, а мајка ѝ пејачка. Тина Русева (20) отсекогаш знаела дека сцената ѝ припаѓа. Кога се преселила во Леверкузен, Германија, соништата ги понела со себе. Но, патот не бил лесен – нова земја, нов јазик, нов почеток. И покрај сите предизвици, не се откажала. Со многу труд, истрајност и љубов кон музиката, Тина стана дел од јубилејната, 15-та сезона на „The Voice of Germany“,најголемото музичко шоу во земјата, кое почнува со емитување вечерва.Ова не е само нејзин личен успех, ова е приказна за храброст, талент и глас што доаѓа од Македонија.


-Родена сум во срцето на Струмица.Во дом исполнет со музика, љубов и ритам, ги направив првите животни чекори и ги отпеав првите ноти. Бев девојчето кое постојано пееше со четка за фенирање во рака, замислувајќи си сцена пред себе.Сцената ми беше сон, а музиката воздухот што го дишев – вели Тина која на сите училишни настапи, локални натпревари и меѓународни сцени секогаш пеела со полно срце и со огромна љубов кон публиката.


-И секогаш со гордост ја претставував Македонија.Секој настап беше ново патување, ново искуство и нова приказна.Животот ме однесе во Леверкузен, Германија, но моите соништа останаа исти.Од првиот ден овде си поставив цел:
да застанам на сцената на „The Voice of Germany“,најгледаното музичко шоу во земјата.Тоа не беше лесен пат.Поминав низ неколку селекции. Долго чекање, многу адреналин, неизвесност и сѐ надеж. Но, не се откажав.И конечно успеав. Да се најдеш рамо до рамо со најдобрите не е само огромна чест, туку и силна мотивација да дадеш сѐ од себе. Со нетрпение го очекувам моментот кога ќе ви откријам кога точно ќе настапам – посочува Русева.


 С.А.Н