Здравје // Рецепти
ДОМАШНИ ОРАСНИЦИ: Старински рецепт за колачи со неповторлив вкус

Лесни се за правење, и превкусни за јадење.
Потребни состојки:
*2 белки од јајца
*250 г шеќер во прав
*200 г сечкани ореви
*300 г мелени ореви
*1/4 сок од еден лимон
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад, матете ги белките додека не добиете цврст врв. Додадете шеќер и матете, потоа додадете ги мелените ореви и сокот од лимон. Мешајте полека со дрвена лажица. Поделете го тестото на 50 парчиња. Обликувајте секое во ролат, а потоа извалкајте ги сечканите ореви. Свиткајте ги краевите малку навнатре за да добиете облик на орев. Намалете ја температурата на 100 степени и сушете околу 20 минути. Оставете ги да се изладат.
Фото: Freepik.com