Марија Спасовска ќе ви покаже зошто е најубаво она што е „Забрането“!?

Добивај вести на Viber

Една од најнадежните и најперспективни македонски пејачки од новата генерација, младата Марија Спасовска, по речиси една година пауза има нова песна. 

Во перидот кој е зад неа младата пејачката беше посветена на студиите и факултетот на престижниот американски „Сити колеџ“ во Солун, каде покажа дека не е врвна во креирањето и изведбата на соспствената музика, туку и во совлафувањето на знаењата, зашто Марија беше прогласена за најдобар студент неѓу бруцошите во прва година. 


Заради отсуството од дома и академските обврски, разбирливо музиката беше на „стен бај“, но не и креативноста па така Марија за време на летната пауза повторно е дел од второто продолжение на караван проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде со нејзината изведба ја возобнови познатата охридска песна „Ја излези стара мајко“. 

Со искусната екипа познати македонски фолк и поп ѕвезди патува и низ градовите во Македонија , каде музичкиот караван има серија свои концерти на плоштадите. Но, својата лична авторска креативност младата пејачка ведета ја вткајала во својата најнова песна насловена „Забрането“. 


Провокативен наслов кој зборува за една приказна во која што тоа и кому му е забрането и дали забранетото всушност е најубаво и најслатко? Песната неслучајно беше објавена вчера, недела, 05 октомври, токму на роденденот на Марија Спасовска, која на својот YouTube каналот премиерно ја емитуваше песната која заедно со видеото беше пуштена во Интернет етерот, каде е достапна на сите стриминг платформи. Инаку автор на музиката и стиховите е самата таа, додека за аранжманот се погрижил Иван Јованов – Ивајо. За песната е снимен како што рековме и видеоспот, кој го потпишува Томислав Живковиќ. 

Проследете го видеото на Марија Спасовска во продолжение за да дознаете зошто е најубаво она што е „Забрането“!?



**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група