„Мрзливи сме - посегнуваме по суплементи бидејќи тоа е полесниот начин да внесеме некој макро или микро елемент“: Разговор со нутриционистката Билјана Ристеска

Добивај вести на Viber

Разговор со нутриционистката Билјана Ристеска - ВИДЕО интервју

Здравјето влегува преку уста, но и болеста исто така. Исхраната е една од суштинските работи која е поврзана со здравјето, иако често се занемарува значењето на нутритиентите што ги внесуваме, или барем не се внимава доволно. 

Во концептот на здравје е вклучено уверувањето дека здравјето значи отсуство на болест. Но здравјето во голем дел е всушност соодветна превенција, а исхраната спречува појава на голем број болести. 

Освен што се користи како превентивен здравствен метод, таа може да служи и како лек. Но, потребно е редовно консултирање со нутриционист кој согласно научните сознанија креира соодветна програма за исхрана која е прилагодена на индивидуалниот профил на клиентот. 

Во медиумите често се пласираат некои општи парадигми кои се однесуваат на исхраната, но кои според стручните лица може да направат повеќе штета отколку корист, бидејќи секоја исхрана не пасува секому. Од друга страна јавноста во кусите медиумски прилози не може да ја провери стручноста на лицата кои ги даваат советите за исхрана. 

Нутриционистката Билјана Ристеска вели дека граѓаните треба да бидат особено внимателни и да се консултираат со својот матичен лекар или нутриционист кога е во прашање исхраната и суплементацијата. 

Според неа, суплементите може да направат голема штета доколку нема потреба од нив, пред сѐ за состојбата на црниот дроб. 

Освен за суплементите, Ристеска за „Женски магазин“ ја истакна и улогата на храната како превенција, за општите насоки кои треба да ги следи целото население, но и објасни како се изработува индивидуална нутриционистичка програма и кои параметри се следат при тоа. 

Целиот разговор може да го проследите во продолжение: 





**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група