Моќен ритуал на Луиза Хеј: Започнете го денот на овој начин и гледајте како вашиот живот радикално се менува!
Таа го знаеше точниот
рецепт за среќен и исполнет живот
Авторката на бројни книги и пионерката на модерните техники за самолекување, Луиз Хеј, тврди дека ние сме одговорни за реалноста што не опкружува. Дали во животот ќе бидеме добри или лоши зависи исклучиво од нас самите, а не од околностите што не опкружуваат. Со моќта на умот, можеме да промениме се што ни пречи и да го создадеме светот што мислиме дека го заслужуваме.
Сè што ни се случува е резултат на нашите мисли, чувства и перцепции.
Универзумот буквално ги разбира нашите вибрации. Значи, ако размислуваме позитивно, неизбежно е да следат убави работи и обратно.
Кога мислите ни се мирни, весели, смирени, се чувствуваме здрави, поспособни сме, ние сме подобра верзија од себе. Ако нашите мисли се негативни, се чувствуваме лошо, а тоа се одразува на нашето ментално и физичко здравје.
Во многу од нејзините предавања и книги, Луиз Хеј зборуваше за моќта што ја имаат мислите, а еве како со нивна помош можеме да го трансформираме животот и да живееме подобро:
Луиз Хеј создаде мал ритуал кој води до посреќен и помирен живот. Секое утро откако ќе станете, застанете пред огледалото и кажете си гласно - Животот те сака. Изговорете го ова и верувајте во оваа реченица.
Повторете го ова неколку пати и заблагодарете му се на животот за сè што имате во животот, а тоа ве прави среќни и благодарни. Тоа може да бидат пријатели, семејство, нешто материјално. Размислете добро за сè што ве прави среќни и кажете му Благодарам на Универзумот!
Можеби на почетокот ќе ви изгледа сосема неразумно, но доколку почнете да го практикувате овој ритуал, многу брзо ќе забележите како вашиот живот се менува на подобро. Како ја разбирате вашата вредност и колку убава енергија влегува во вашиот живот.
Сè е во нашата глава, затоа започнете да го создавате животот за кој отсекогаш сте сонувале денес!
Фото: фреепик
Цитатите на Лујза Хеј: Почнете го секој ден со овие афирмации и привлечете среќа, успех и позитивна енергија