Животна училница // Приказни
Почина два дена по венчавката, а сега обдукцијата покажа застрашувачки резултати

Официјалните наоди од обдукцијата потврдија дека младата сараевска инфлуенсерка и визажистка Адна Ровчанин-Омербеговиќ (26) починала од менингитис.
Трагедијата се случи само два дена по нејзината свадба, која беше одржана на 13 септември 2025 година.
Наместо тој ден да ѝ остане во најубаво сеќавање, славењето се претвори во трагедија. На Адна ѝ се слошило за време на свадбената прослава, по што била итно пренесена во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (KCUS).
И покрај сите напори на лекарите, таа починала во понеделник, на 15 септември.
Адна беше позната како успешна козметичарка, сопственичка на салон во Сараево и една од препознатливите инфлуенсерки на социјалните мрежи.
Нејзината прерана смрт предизвика голем шок и тага кај семејството, пријателите и пошироката јавност, а социјалните мрежи се исполнети со емотивни пораки на збогување.