Теа Таировиќ носи накит вреден милион евра: Пејачката ја чува обезбедување за да не бидат ограбени дијамантите
Пред неколку дена, во Белград имаше вистинска опсада бидејќи музичката ѕвезда носеше вредни дијаманти стари над 100 години од приватна колекција.
Теа Таировиќ објави дека ќе го издаде вториот дел од албумот „Аска“ пред крајот на годината, а како што знаеме, пејачката правеше промотивни фотографии како најава за нови песни кои очигледно ќе бидат хитови!
Од безбедносни причини и за да се спречи грабеж, накитот бил донесен во студио во Дорќол, каде што се одвивало снимањето, во специјален автомобил во придружба на бројни обезбедувачи!
Накитот ѝ прилегаше како на светска ѕвезда, а фотографиите кои ги фотографирала редакција на Пинк се дел од колекцијата што се користела за сликање, а е во сопственост на позната продавница за дијамантски накит во Белград.
Фото: Pink.rs
Извор: Pink.rs