Најбараниот рецепт: Ајвар без лупење пиперки, целата тегла ќе исчезне за миг – мора да го пробате

Добивај вести на Viber

Сезоната на зимница е во полн ек, а домаќинките секоја година бараат поедноставни начини да подготват вкусни специјалитети за долгите зимски денови. 

Овој рецепт за ајвар е посебно практичен – се прави брзо, без многу отпад и лупење на пиперките.

Потребни состојки:

  • 3 кг црвени пиперки

  • 1 поголем модар патлиџан

  • 10 чешниња лук

  • морска сол

  • 2 дл маслиново масло

  • малку бибер

Подготовка:

Измијте ги пиперките и патлиџанот, па попарете ги со врела вода. По неколку минути сомелете ги на машина за мелење месо. Добиената смеса ставете ја во поголем сад, додајте ситно сечкан лук, масло и зачини.

Ставете во рерна на 200°C и оставете да се пржи околу 4 часа. Повремено извадете, промешајте и проверете дали има доволно сол. Важно е да испари целата вода, бидејќи некои пиперки се поводенести, а некои посуви.

Кога ајварот ќе згусне и добие убава структура, сипете го во претходно загреани тегли. Запечете ги уште кратко во рерна, покријте со целофан и гумичка, добро затворете и оставете да се изладат.

Подготвените тегли спакувајте ги во оставата и уживајте во вкусот на домашниот ајвар цела зима.

Извор / ЖМ Архива