Беше во врска со многу помлада Македонка, го смени личниот опис само за да не го препознаваат, а сега откри колку штета му нанела славата

Добивај вести на Viber

Карло Загорец, кој јавноста го запозна преку ријалити шоуто „Големиот брат“, денес живее сосема поинаков живот. Популарноста што ја стекна во ријалити програмата не му била пријатна, па по излегувањето од куќата извесно време ја напуштил Србија.

„Периодот по напуштањето на куќата беше многу стресен за мене, поради инстант славата и премногу обожаватели кои ме гледаа само како оној Карло од ријалити. Побегнав од Србија за да се одморам и да бидам заборавен. Никогаш повеќе не би влегол во ријалити, бидејќи сега имам своја фамилија и не постојат пари заради кои би ја изложил во медиуми. Имам прекрасна сопруга и син кои немаат врска со тој свет и така ќе остане,“ изјави тој во едно интервју.

Принтскрин Инстаграм 

По ријалити искуството, Карло направи голема промена – денес работи како фризер, има нов имиџ со дредови и често вели дека луѓето на улица едвај го препознаваат. На социјалните мрежи е активен, каде што отворено зборува за приватниот живот.

Често се соочува со коментари дека неговата сопруга изгледа како негова ќерка. „Пак ми рекоа колку ми е ќерката убава. А тие не знаат дека мојата жена е само шест години помлада од мене и е мајка на мојот син, големо момче од 12 години. Таа е моето омилено суштество, секогаш млада,“ напиша Карло.

Денес, некогашната ријалити ѕвезда е далеку од светлата на сцената и се посвети на мирен семеен живот и професијата што вистински го исполнува.

Извор / Фото: Принтскрин Инстаграм 


**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група