Жито Лукс со нов производ: 100% ЦЕЛО ЗРНО СО ЧИЈА И КИНОА

Добивај вести на Viber

Жито Лукс ја проширува својата категорија на нутритивни лебови 100% цело зрно со нов производ. Новата екстензија100% цело зрное збогатена сочија и киноа.

Овие лебови се направени од целосно интегрално брашно кое се добива со мелење на целото зрно пченица. Интегралното брашно ги содржи сите делови од зрното: обвивка, срцевина и никулец поради што е богато со хранливи влакнаминераливитаминијаглехидратипротеини и незаситени масни киселини. Имајќи ја оваа моќна основа во својот состав, лебовите од 100% цело зрно одлично одат во прилог на здравите навики на консументите.

Новиот производ содржи супер семиња од чија и киноа. Чијата содржи Омега-3 масни киселини, растителни влакна и протеини кои даваат долготрајна енергија, додека киноата содржи сложени јаглехидрати и протеини кои се поддршка на мусклулите и мозокот.

Од компанијата истакнуваат: „Со категоријата 100% цело зрно и со новите вкусови постојано се стремиме да им понудиме на потрошувачите производи кои комбинираат хранливисостојки, нутритивна вредност и одличен вкус. Новиот леб со чија и киноа е создаден како одговор на растечката потреба од здрава и балансирана храна која ги следи современите навики на исхрана.“

Новиот леб 100% цело зрно со чија и киноа е достапен во пакување од 500 грама и претставува уште еден чекор на Жито Лукс кон поттикнување здрави навики и понуда на хранливии секојдневно достапни производи за целото семејство.


*Пр објава