Ново видео од паѓањето на Сееврина, што сама го објави: Ако и вечерва паднам, сметајте го за намерно, да не ве лишам од „сензационализам“

Добивај вести на Viber

Северина скокаше и трчаше по сцената во високи потпетици, а во еден момент се сопна и падна на глава.

Хрватската пејачка Северина имаше лоша среќа кога падна на средина од сцената за време на концерт во Загреб. Видеa од нејзината несреќа од концертот почна да кружи на социјалните мрежи. За време на изведбата на песната, Северина скокаше и трчаше по сцената во високи потпетици, а во еден момент се сопна и падна на глава. После тоа, таа продолжи да лежи на грб со раширени раце некое време, а потоа стана и продолжи да пее.

„О, ова ме болеше“, „Дали стана на крајот?“, „Севе се скрши“, се дел од коментарите на мрежите...

@mixbydalic Severina pala na koncertu u Areni Zagreb#severina #seve #sevenacionale #arenazagreb #mixbydalic original sound - MIXBYDALIC

По несреќниот случај Северина се огласи на социјалните мрежи, па се пошегува на сопствена сметка, па дури и сподели видео со успорена брзина.

„ВЕДНАШ паднав (на втората песна), но со вас синоќа стигнав и до ѕвездите (песна 3)

Вечерва, се надевам, без паѓање... Иако, не сакам да ве лишам од тој „сензационализам“ на сцената. Затоа, ако се случи, сметајте го намерно (чисто „поради рамнотежата меѓу ѕвездите“), напиша Северина.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)

Фото: Принтскрин/ Инстаграм