Најсреќниот ден за Леон, детето што нè потсети што значи да се биде човек: Емотивен земјотрес и јасна порака - ниту една детска душа не смее да се бори со темнината сама
Во училиштето на малиот Леон, момче со атипичен развој се случи вистинско чудо — настан кој ги стопи и најтврдите срца и потсети дека љубовта и емпатијата се најмоќното оружје против осаменоста.
Во организација на Ирина Камилоска, училиштето беше домаќин на емотивен и инспиративен настан кој ја испрати пораката до сите родители на децата со атипичен развој: „Не сте сами!“.
Во дворот пристигнаа вистински херои во своите униформи — пилот, полицаец, пожарникари, планинари и кошаркари — секој со своја насмевка, збор на охрабрување и топла прегратка. Во тие мигови се испреплетеа смеа, солзи и чиста детска радост.
Овој хуман гест беше повеќе од обичен настан – тоа беше момент на безусловна љубов и човечност, кој остави трага во срцата на сите присутни, вели Амела мајката на Леон.
Пораката што силно одекна меѓу присутните беше јасна:
„Ниту едно дете не смее само да се бори со темнината. Осаменоста е студена соба, а ниту едно дете не заслужува да живее во неа.“
Настанот беше потсетник дека секој родител, наставник и сограѓанин може да направи разлика со само еден мал гест на внимание и љубов.
Мајката на Леон, многупати досега јавно зборуваше за тоа како нејзиниот син е отфлен од општетсвото, само поради тоа што има Аутизам. Неодамна Амела сподели како Леон, дете кое се соочува со отфрлување и недостиг на разбирање, остана изолиран од прославата на роденден на неговиот соученик.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук