Животна училница // Приказни
Колку чини бурекот во Виена?
Мирисот на топол бурек во раните утрински часови е глетка што поврзува многу градови на Балканот - од Ниш и Сараево до Виена. Иако потекнува од поранешната Отоманска Империја, бурекот денес е гастрономски симбол на целиот регион, а неговите цени и варијанти ги одразуваат и културните и економските разлики меѓу земјите.
Во Србија, бурекот е сè уште едно од најпристапните јадења, а порција од околу 250 грама, со сирење или месо, чини помеѓу 200 и 250 динари во повеќето пекари, додека претходно беше до максимум 150 динари.
Во Виена, пак, истиот залак е еден вид деликатес, а во некои угостителски објекти чини 4,90 евра, додека во поскапите достигнува износ од 6,50 евра.
Разликата во цената не е изненадувачка бидејќи Виена е град со значително повисоки трошоци за живот, но и со растечка побарувачка за автентични балкански специјалитети, особено кај младите и гастарбајтерите кои бараат „вкус на домот“, пренесува српски Курир.Извор: ФАКТОР