Креативен бизнис во дијаспората: Ајвар, малиџано и лутеница од Македонија стигнуваат до секој дом во Германија и Австрија

Добивај вести на Viber

Македонските иселеници во Германија и Австрија сè почесто наоѓаат креативни начини за заработка, а еден од најновите примери е продажбата на традиционални домашни производи – ајвар, малиџано и лутеница.

 Тие веќе не се достапни само на македонските пазари и маркети, туку стигнуваат и до трпезите на нашите луѓе во странство.

Според понудата што кружи меѓу заедницата, тегла од 720 грама ајвар се продава за околу 450 денари, додека малиџаното и лутеницата чинат по 400 денари. 

Фото извор: Мета принтскрин 

Цените се приближни на оние во Македонија, што овозможува иселениците да уживаат во вкусот на традицијата без да мораат да плаќаат повеќекратно повисоки износи, како што често е случај со увезените производи во маркетите.

Посебна предност е тоа што производителите гарантираат квалитет, со внимателно избрани состојки и автентичен рецепт. Доставата се врши низ цела Германија и Австрија, што го прави овој модел на бизнис достапен за илјадници Македонци кои сакаат дел од својот роден крај на трпезата.

Овој пример уште еднаш ја покажува претприемачката страна на македонската дијаспора. Наместо да чекаат можности, нашите луѓе во странство сами креираат начин за заработка – комбинирајќи традиција, квалитет и потребите на заедницата.

Продажбата на македонски производи надвор од границите не е само економска активност, туку и начин за зачувување на културниот идентитет.