„Стапката на карцином во Македонија нагло порасна, а не е сменета генетиката“: д-р Стојчевска Чапова за воздушното загадување и стресот како ризик фактори

Добивај вести на Viber

Месецов е посветен на превенција на карциономот на дојка. Во Македонија карциномот на дојка е најчестата причина за смрт предизвикана од малигни заболувања. 

  • Стапката на морталитет е значајна: на пример, за 2022 година — околу 38,5 на 100.000 жениСе зголемува и бројот на новодијагностицирани случаи: изворите наведуваат дека има околу 800, па дури се очекува бројот да се зголеми до околу 1.200 пациенти годишно. 

  • Болеста се јавува и кај помлади жени — не само кај оние над 50. Има случаи и кај жени во 30-40-тите години, па и помлади.

  • Доктор Маја Стојчевска - Чапова, специјалист по радиодијагностика, вели дека забележително е зголемено учество на жени под 30тата година кај кои е дијагностициран карцином на дојката. Тоа укажува дека голем број од надворешни фактори, вклучувајќи ги и оние од животната средина, животните навики, живот со стрес, воздушното загадување и исхраната се ризик фактори кои доведуваат до сѐ поголем број на жени со карцином на дојка, како и намалување на возрасната припадност на пациентките со ова малигно заболување. 

    За значењето на превенцијата, раната дијагностика како единствен сигурен начин за целосно излекување на карциномот, како и ризиците на кои најмногу треба да внимава секоја една жена, за „Женски магазин“ говори д-р Маја Стојчевска - Чапова.

  • Целото видео интервју погледнете го во продолжение:


  • Магдалена Стојмановиќ - Константинов