Никогаш не го поставив прашањето „зошто баш јас“, па зарем треба да се некои деца: Весна Станковиќ за борбата со ракот

Српската актерка Весна Станковиќ, позната по своите ангажмани во театарот и телевизијата, храбро проговори за најтешкиот период од својот живот – борбата со ракот на дојка.
Во интервју за „Уна телевизија“, таа сподели дел од своето патување исполнето со болка, но и неверојатна сила, при што неколкупати нагласи дека одлучила да не се жали, туку да издржи.
„Ќе отидам на хемотерапија, па потоа на турнеја во Норвешка, па после тоа на операција, а веднаш потоа повторно на сцена – ја играм Милунка Савиќ,“ раскажа актерката.
„Кога ми беше најтешко, си велев – издржи, Милунка Савиќ пешки ја поминала Албанија, ранета во градите и глава. И јас можам да издржам.“
Весна зборуваше со искрена човечност и достоинство, откривајќи дека никогаш не се запрашала „зошто баш јас“, туку напротив – покажала благодарност што е таа, а не некое дете или млада девојка.
„Зошто да не сум јас? Видов деца на онкологија. Некои од нив не можат ниту да разберат што им се случува. Затоа решив да бидам благодарна и да не се предадам,“ вели таа.
Со својата приказна, Весна Станковиќ стана симбол на храброст и инспирација – не само за жените кои се борат со оваа болест, туку и за сите кои се соочуваат со тежок животен предизвик. Нејзината порака е јасна: „Издржи – дури и кога е најтешко.“