Халид Бешлиќ беше во среќен брак со неговата Сејда: Таа ја напуштила работата за да биде со него

Денес на 71 годишна возраст почина босанскиот пејач на народна музика Халид Бешлиќ по долго боледување.
Еден од најпознатите пејачи на фолк музика во регинот, босанецот Халид Бешлиќ беше во среќен брак со сопругата Сејда скоро 46 години. За хрватскиот портал „24 сата“, Бешлиќ во една прилика зборуваше за неговиот брак со Сејда.
„Рецептот за успешен брак би бил: почитување, разбирање и како што велат политичарите, компромис“, се пошегувал Халид. Сејда е со него од почетокот на кариерата и тој вели дека одлично пее севдалинки, но никогаш не размислувале заедно да снимат песна.
Халид Бешлиќ со внуците Ламија и Белмин Кан
„Сејда пее за своја душа. Кога готви, таа пее“, изјавил Халид. Неговата снаа Махира добила работа во Офенбах, Германија, каде што се пресели со неговиот син Дино и со внуците Ламија и Белмин-Кан. Бешлиќ додава дека поради семејството, живел на релација Германија - Босна и Херцеговина.
Халид и Сејда беа 46 години заедно
Халид и Сејда се во брак 46 години. Како што еднаш изјави, пејачот ја натерал да ја напушти работата во фабриката и да тргне со него. Поради тој предлог, вели дека чувствувал голема одговорност.
Сејда е слична како и Халид, многу е весела. Тоа го покажа пред неколку години на семејниот одмор во Неум, во Босна и Херцеговина, кога заигра оро и го воодушеви целиот град. Халид често вели дека е воодушевен од својата снаа Махира Сврака, која е фармцефт.