Нова титула за капитенот: Енис Барди стана татко!

Добивај вести на Viber

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен, Енис Барди, доби најголемата животна титула – татко. Заедно со својата сопруга Фестина, станаa родители на ќеркичката која ја го доби името Аја.

Убавата вест прва ја сподели неговиот актуелен клуб TÜMOSAN Konyaspor од Турција, со фотографија од породилиштето и емотивна објава:

„Нашиот фудбалер Енис Барди и неговата сопруга Фестина добија ќеркичка, на која и го дадоа името Аја. Му честитаме на семејството Барди и ѝ посакуваме на малата Аја среќен и здрав живот“ – стои во објавата на клубот.

Неколку часа подоцна, и самиот Барди се огласи на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со својата ќерка во рацете, придружена со емотивна порака:

„Алах нè благослови мене и мојата сопруга со оваа прекрасна ќерка. Направи ја праведна и дај ѝ здравје“, напиша Барди.

Радоста во семејството Барди доаѓа токму пред важниот предизвик што го очекува македонската фудбалска репрезентација – квалификациите за Светското првенство. Под водство на својот капитен, Македонија ќе ги одигра двата претстојни натпревари во октомври: на 10 октомври против Белгија на гостински терен, а на 13 октомври ќе биде домаќин на селекцијата на Казахстан.

Македонската јавност со топлина ја пречека оваа животна вест за својот капитен, надевајќи се дека новородената Аја ќе му донесе дополнителна мотивација и среќа на теренот.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм