Вработена во казино украла 13.500 евра за да се коцка на апаратите

Добивај вести на Viber

Полицијата денес извести дека е лишена од слобода 30-годишна жена од гостиварско, откако од казиното каде што работела одзела пари за да се коцка.

- На 10.10.2025 во 21:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од с.Волковија, гостиварско, постапувајќи по пријава од менаџерка во казино во Гостивар дека при контрола во казиното констатирала дека во касата фали промет од 816.297 денари и дека вработената М.П.Ј. си префрлила електронски кредит и ги потрошила парите со кои играла на апаратите, објави МВР.

Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Фактор