Василија со важен чекор во животот – честитки пристигнуваат од сите страни: Ново поглавје за пејачката

Со само 22 години, Василија Петрова веќе ја освојува јавноста со својот талент, харизма и посветеност на повеќе полиња. Родена во Ќустендил, од Пиринскиот дел на Македонија, а со корени од Кочани, таа се истакнува како новото лице на македонската традиционална музика, но и како млада професионалка во областа на спортот и образованието.
Василија неодамна ја сподели радосната вест на своите социјални мрежи – успешно дипломирала и официјално e професорка по физичко образование.
„Од денес официјално - професорка по физичко образование! Благодарна сум и спремна да дадам сè од себе и на ова поле,“ напиша Василија на својот фејсбук-профил.
Иако академскиот пат ѝ е поврзан со спортот, љубовта кон музиката ја води паралелно, со еднаква посветеност. Таа често настапува со традиционален македонски репертоар, внесувајќи свежина и емоција што ја издвојува од своите врсници.
„Енергијата што ја имам и во спортот и во музиката ми дава посебен пристап кон сè што правам, ама можам да кажам дека сум вистински посветена на традиционалната музика,“ изјави Василија во неодамнешно интервју.
Младата пејачка со гордост го носи наследството на своите предци, внесувајќи нов живот на песните што со генерации се пренесуваат. Нејзиниот глас е чист, продорен и полн со љубов – токму она што му треба на македонскиот мелос.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Фејсбук