Светски ден на менталното здравје : Деструктивните и негативни мисли фрлете ги во ѓубре!

Добивај вести на Viber

На 10 октомври, на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на менталното здравје – со цел да се подигне свеста за грижата околу менталното здравје, да се увидат предизвиците и потребата за едукација околу ова прашање – и најважното да се скрши стигмата која сè уште го опкружува менталното здравје.

Според податоците од Светската Здравствена Организација (СЗО), на глобално ниво, едно од седум деца на возраст до 19 години ќе пројави ментално нарушување. Истражувањата покажуваат дека три четвртини од проблемите со менталното здравје се појавуваат пред 25-тата година, а секој четврти човек се соочува со проблеми со менталното здравје во некој период од животот. Најчести нарушувања кај младите се депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето, додека хиперактивноста и нарушувањата на вниманието исто така се значајни предизвици со кои се соочуваат младите. Овие податоци укажуваат на потребата уште од најрани години да се посвети внимание на менталната добросостојба на младите.

Припадноста во група, честото споредување со другите, врсничкото насилство, сајбербулинг и притисокот од социјалните медиуми  се најчестите фактори кои влијаат врз променливата психолошка состојба кај младите. Тука се и економските и социјалните бариери кои ја отежнуваат грижата за менталното здравје и  допринесуваат за потешкотии...

Ви поминуваат темни мисли, се чувствувате тажно... Зошто да не побарате помош?

Не е срамота да плачете, не е срамота да ги споделувате своите потешкотии, несигурности и стравови... Време е да се скрши стигмата дека е срамота емоциите, личните мислења, стравови, несигурности да се споделуваат, и дека за да бидете „јаки” треба задржувате некои работи во себе...или да поминат како шепот низ некој разговор  или нечујно, низ некоја тишина... Грижата за менталното здравје и оддржување на здравиот дух е процес за кој секојдневно треба да се работи и да се храни со позитивни и мотивирачки мисли. Деструктивните и темните мислите фрлете ги во ѓубре !

Справувањето со неизвесноста и животните предизвици може да бидат исцрпувачки за секого, и затоа не е срамно да се сподели потребата за морална или психолошка поддршка. Ако чувствувате тага, лошо расположение или темни мисли – побарајте професионална помош. Или охрабрете ги вашите блиски да побараат помош. Не дозволувајте стигмата околу разговорите за менталното здравје да ве ограничи да ги почувствувате најубавите и најдлабоките чувства или да не ги искусите највеселите авантури кои животот ви ги носи. Животот е еден, и тој е само ваш- искористете го најдобро што можете.

Барањето помош е знак на храброст – тоа покажува свесност и желба да се реши некој проблем, да се надмине некоја препрека за да се продолжи напред кон нови животни искуства, авантури и победи.

Компанијата dm drogerie markt особено ја согледува сериозноста и важноста да се отвори разговорот околу грижата за менталното здравје кај сите генерации, особено кај младите девојки и момчиња.  Токму тоа dm го прави преку поткастот „Женски Ритам“, кампањата #СкрозЈас, Movember и како поддржувач на голем број проекти со граѓански и младински организации. Во рамки на платформата „Заедно едни за други“, dm спроведе конкурс посветен на подобрување на физичкото и менталното здравје на жената. Од пријавените иницијативи беа одбрани и реализирани шест проекти, во кои беа инвестирани над 3 милиони денари. Преку нив беа организирани бесплатни онлајн вебинари, настани, панел-дискусии и групни сесии посветени на предизвиците со кои се соочуваат жените и грижата за нивното ментално здравје. 

ПР објава