„Моето срце е врзано за Македонија, чест ми беше да го носам на грб вашето знаме“: Северина ги собра сите овации од публиката во Велес

Добивај вести на Viber

Хрватската музичка ѕвезда Северина уште еднаш покажа колку ја почитува и ја сака Македонија. 

На нејзиниот концерт во Велес, кој предизвика огромен интерес и преполна публика, пејачката приреди момент кој предизвика силни емоции и громогласни аплаузи. 

За време на целиот настап, Северина гордо го носеше македонското знаме од Кутлеш на својот грб.


View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)



По концертот, таа сподели емотивна објава на својот Инстаграм профил со порака која ги допре многумина:

Моето срце е врзано за Македонија и голема чест ми беше ова знаме, кое ми го врачивте, да го носам на грб... Чувајте ја Македонија!

Пејачката важи за една од најомилените регионални ѕвезди во Македонија, а нејзините концерти секогаш предизвикуваат огромен интерес. Публиката во Велес ја дочека со овации, а атмосферата беше исполнета со енергија, емоции и чувство на блискост.

Овој гест со знамето ја потврди нејзината долга и искрена поврзаност со македонската публика, која со години ја следи и ја сака нејзината музика. Коментарите на социјалните мрежи се преполни со зборови на благодарност и поддршка, а многумина истакнаа дека вакви гестови не се забораваат лесно.