Македонците ги обожаваат овие јадења, но светски реномиран гастрономски магазин ги оцени како најневкусни, дури и гадни

Добивај вести на Viber

Во најновата верзија на листата на „Taste Atlas“, специјализиран портал за светска кујна, меѓу најлошите македонски јадења се најдоа и познати специјалитети кои многумина ги обожаваат, но и некои кои често се прескокнуваат за ручек.

На листата „10 најлоши македонски јадења“ се најдоа јадења кои не мора нужно да имаат многу ниска оцена — најчесто околу 3 од максимални 5, но сепак се најдоа меѓу најнепопуларните.

На прво место се најде пача, со оценка 3,1

Пачата е традиционално македонско јадење кое се подготвува од поевтини делови од свинско месо — глава, бут или коленица. Месото се вари со бибер, кромид, морков и ловоров лист додека не омекне и не се одвои од коските. Заедно со чорбата се става во садови и се остава да се излади и згусне. Обично се сервира ладна, со кисело зеленчукче и чашака ракија.




На второ место, со оценка 3,2, се најде пита со мак

Eдноставно и хранливо јадење кое потекнува од Централна и Источна Европа, а е многу популарно и во Македонија. Кората се прелива со путер и обилно се посипува со мак и шеќер, создавајќи слатка пита што често се јаде како десерт или лесен оброк.




На листата најневкусни јадења се најдоа и популарната попара, но и омилената на многу Македонци - чкембе чорба. 

Фото извор: Freepik