Невообичаена појава на Балканот: Наезда на змии во октомври, некои забележани и како се движат по снег

Мештаните на крагуевачкото село овие денови се изненадени од појавата на змии, бидејќи не паметат дека ги има видено во доцна есен.
Фотографија од поскок кој дреме на трева во селото Пајазитово беше објавена на Фејсбук страницата „Крагуевчани“, а според коментарите, многумина се зачудени од појавата на овие влекачи во октомври.
„Не е пријатно да се види ни летно време, а камоли сега кога тоа навистина не го очекуваме. Можно е да ја почувствувала топлината од сонцето па затоа исползела“, коментираат корисници на социјалните мрежи.
Народно верување: „изгнанички“ змии
Меѓу бројните мислења што ги споделија посетителите на страницата, се издвојува и едно народно толкување.
Таквите змии, велат, имаат име — изгнанички.
„Змија која во текот на годината каснала човек или животно, земјата не сака да ја прими во себе. Затоа останува надвор сè додека не се смрзне“, стои во една објава.
Необична појава и на снег
Почетокот на октомври, кога снегот ги изненади некои делови на Македонија, донесе слична сцена и во селото Игриште кај Куршумлија. Верољуб и Зоран Тодоровиќ забележале змија како лази по снежната покривка.
„Во нашите краеви никогаш не се случило змија да лази по снег. Сите бевме шокирани, бидејќи температурите беа далеку под нулата“, изјавиле Тодоровиќ за РТВ Куршумлија, која прва ја објавила оваа вест.
Објаснување од експертите
Ана Пауновиќ, стручна соработничка за водоземци и влекачи од Природонаучниот музеј во Белград, тогаш објасни дека станува збор за млад шумски или ескулапов смок.
„Овие млади примероци може да се видат дури и во октомври, па и по снег, што е многу ретко, но можно. Се случува единки кои се родени подоцна во сезоната да останат активни подолго од возрасните, бидејќи сè уште бараат засолниште за брумација — зимско мирување“, рече Пауновиќ.
Извор: Mondo / EPA