Претворете го вашиот прозорец во есенска оаза за уживање: Со овие брзи и евтини трикови создадете си свое ќоше на мирот во домот

Есенските денови носат посебна магија — мирис на дожд, жолти лисја и моменти за тивко уживање со шолја топло кафе или чај.
Наместо да сонувате за скап поглед од тераса, со малку креативност можете да го претворите омилениот прозорец во вашиот дом во топол и интимен агол. Овој мал простор лесно може да стане место каде што денот почнува и завршува во совршен мир.
Првиот чекор: ослободете го просторот
Најважниот чекор е да го „отворите“ прозорецот — тргнете ги завесите и подигнете ги ролетните. Пропуштете ја природната светлина да влезе внатре и создадете чувство на пространост. Колку повеќе светлина, толку поубава атмосфера.
Ако просторот дозволува, поставете мала фотелја, клупа или меко седиште со перничиња веднаш пред прозорецот. Вака добивате минијатурна тераса во самиот дом, без градежни зафати и без трошоци.
Магијата е во деталите
Она што ќе му даде вистински есенски шмек на просторот се декоративните детали. Наредете кебиња во топли нијанси — кафеави, теракота, бордо или темно зелени. Додадете неколку тикви, суви есенски лисја, миризливи свеќи или лампиони за вечерна атмосфера. Перничиња со есенски мотиви ќе внесат чувство на удобност и топлина.
Не претерувајте — едноставноста е клучот. Неколку добро избрани детали можат целосно да го трансформираат просторот.
Вашето мало скривалиште со поглед од милион долари
Со овие мали трикови, обичниот прозорец станува место за релаксација, читање, медитација или едноставно гледање во градот кој тивко спие. Утрото можете да го започнете со кафе и изгрејсонце, а вечерта да ја завршите во тивок амбиент со топло ќебе и миризлива свеќа.
Есенските моменти се кратки, но токму затоа се посебни. Претворете го вашиот прозорец во лична есенска оаза, без многу труд и без големи вложувања. Понекогаш, токму најмалите агли во домот креираат најголеми уживања.
РЖМ