Панчо и Андреј ми помогнаа кога најмногу ми требаше: Дијана Димчевска Наумоска за Женски магазин

Тажната вест за смртта на Панчо од ДНК остави длабока празнина кај сите што го познаваа – не само како музичар, туку и како човек со големо срце.
Неговата добрина, човечност и подготвеност да помогне, денес се споменуваат низ целата земја.
Меѓу оние што го почувствувале тоа на своја кожа е и Дијана Димчевска Наумоска од Тетово, која со трепет и благодарност се сеќава на хуманоста на Панчо и Андреј.
„Јас не бев во директен контакт со нив. По предлог на Васко Спасовски беше организиран хуманитарен концерт, а средствата од продадените карти беа донирани за моето лекување.
Тие беа големи хуманитарци – секогаш се одзиваа на акции и помогнаа на многу луѓе, како и на мене,“ изјави Дијана за Женски магазин.
Таа сподели и фотографија со двајцата музичари, која денес боли повеќе од кога било. Под неа напиша:
„Засекогаш ќе ви бидам благодарна за добрината што ми ја подаривте. Ви благодарам што ми помогнавте кога најмногу ми требаше. Почивајте во мир.“
Панчо и Андреј не беа само музичко дуо – беа симбол на човечност, на искреност и на топлина.
Со нивните песни носеа енергија и љубов, а со своите дела оставаа траги што нема да се избришат.
Денес, нивните хумани гестови зборуваат погласно од било која песна.
Затоа што вистинските херои не се оние што се на сцена – туку оние што во тишина помагаат кога најмногу треба.
Прочитајте и:
„Мојот пат е тежок и трнлив, ама чекорејќи го, никогаш не ја заборавам насмевката дома. Дури ни по болничките ходници!“- Дијана Димчевска Наумоска за Женски магазин
Ирена Ставрова
*Забрането преземање авторска содржина од Женски магазин