СТЕРЕОТАКСА – СОВРЕМЕНА МЕТОДА ЗА ТРЕТМАН НА ТУМОРИ

Добивај вести на Viber

Во последните години, радиотерапијата направи огромен чекор во развојот благодарение на најсовремените технологии, и тоа конкретно со подобрување на прецизноста и квалитетот, како и со намалување на несаканите ефекти од неа.Овој напредок овозможи персонализиран пристап со значително подобрени резултати, што, пак, позитивно влијае врз квалитетот на живот на онколошките пациенти, објаснува д-р Даниела Попоска, специјалист по онкологија и радиотерапија.

Дел од таа приказна на радиотерапијата за следната декада е Varian TrueBeam- акцелераторот – уред што со исклучителна прецизност насочува зраци кон туморската лезија.

За разлика од традиционалната радиотерапија, TrueBeam-тeхнологијата овозможува далеку побрз, во однос на должина на вкупен третман, побезбеден и поефикасен третман, со назнака дека високата прецизност целосно го поштедува здравото ткиво околу туморот од непотребно зрачење. Еден од најважните методи што ги овозможува TrueBeam е стереотаксата.


ШТО Е СТЕРЕОТАКСА?

Тоа е напредна форма на зрачење каде што се даваат високи дози во мал број третмани (обично 1 до 5 сеанси). За разлика од класичната терапија што може да трае и до 6 недели, SBRT овозможува значително пократко време на лекување со најмалку еднаков или подобар терапевтски ефект.

КАКВИ ВИДОВИ СТЕРЕОТАКСА ПОСТОЈАТ?

 Стереотактичните методи се делат главно на два типа: - SRS (Stereotactic Radiosurgery) - e насочено зрачење најчесто во мозокот, кое дејствува како „операција без нож“. Тоа се изведува во една сеанса; - SRT (Stereotactic Radiotherapy) - e насочено зрачење во мозокот, кое се изведува во повеќе од една сеанса, најчесто до 5; - SBRT (Stereotactic Body Radiotherapy) - примена на истиот принцип, но за тумори во други органи на телото (бели дробови, црн дроб, простата и др.). Двата пристапа се засноваат врз една идеја – да се уништи туморот со максимална точност и со минимално оштетување на околните органи.


КОИ СЕ ЦЕЛИТЕ И ПРИДОБИВКИТЕ НА СТЕРЕОТАКСАТА?

Главната цел на стереотаксата е прецизно уништување на туморот со минимални несакани ефекти. Благодарение на технологијата, зраците се насочуваат до милиметар, а апаратот ја користи својата функција за динамично приспособување на движењата на телото и дишењето. ПРИДОБИВКИ ЗА ПАЦИЕНТОТ Терапијата со TrueBeam и стереотактичните техники носи бројни придобивки за пациентите:

• пократко времетраење на терапијата – наместо класична радиотерапија од 5-6 недели, SBRT може да се заврши за 1-5 третмани;

• безболна и неинвазивна постапка – нема хируршка интервенција, нема сечење и нема потреба од престој во болница;

• прецизност и заштита на здравото ткиво – зраците се насочуваат само кон туморот, со што се минимизира оштетувањето на околните органи;

• побрзо закрепнување – по секоја сесија, пациентот може веднаш да си оди дома и најчесто да продолжи со секојдневните активности;

• помалку несакани ефекти – најчесто се јавува само лесен замор или мало црвенило на кожата, но сериозни компликации се ретки;

• подобрен квалитет на живот – пациентот не е врзан за долги болнички третмани и има повеќе време и енергија за секојдневните активности;

• поголема шанса за излекување или контрола на болеста – бидејќи високите дози на зрачење дејствуваат директно и силно врз туморот;

• доколку има потреба, по индикацијата таа може да се повторува во истиот орган, без да влијае врз когнитивните способности и квалитетот на живот на пациентот.


КАКО СЕ ОДВИВА ТЕРАПИЈАТА?

Терапијата со TrueBeam и SBRT/SRT се одвива во неколку чекори:

1. Подготовка (симулација) – Пациентот најпрво прави детални снимки (КT, МРИ или ПЕТ) кои се дијагностички, а за точно да се утврди позицијата на туморот пред радиотерапијата и прецизно да се спроведе, дополнително се прави и КТ-симулација;

2. Се користат специјални маски или перничиња за да се обезбеди неподвижност за време на зрачењето;

3. Планирање – Тим од радиотерапевти и медицински физичари со помош на компјутерски програми го креираат планот за зрачење – колку дози да се дадат (радиотерапевт) и од кој агол ќе дојдат зраците (медицински физичар);

4. Третман – пациентот лежи удобно на масата, а машината се движи околу него и испраќа зраци со прецизност до милиметар;

5. Третманот трае околу 15-30 минути и е целосно безболен;

6. По третманот – пациентот веднаш си оди дома. Во следните денови лекарите го следат со редовни контроли, а вообичаено несаканите ефекти се минимални (лесен замор, црвенило или чувствителност на кожата).

TrueBeam-акцелераторот и стереотактичните техники (SRS и SBRT) претставуваат вистинска револуција во зрачната терапија и воопшто во онколошкото лекување. Пациентите добиваат пократок, безболен и поудобен третман, додека лекарите добиваат алатка со која можат да лекуваат дури и најкомплексни тумори со најкомплексни локации. Со SBRT или SRT, радиотерапијата станува не само ефикасна во борбата со карциномот, туку и многу похумана – овозможува пациентите да ги зачуваат својата сила, достоинство и квалитет на живот


*Пр објава