Ана Дурловски оперска пејачка: Со УНИБанка и нивната лојална програма секојдневието ми стана многу полесно

Добивај вести на Viber

Во денешно време, имањето на своја банка е слично како да имате мобилен телефон, не е само потреба, туку и избор. Ако телефонот е нашата примарна алатка за комуникација, тогаш банката станува наш прв финансиски партнер.

Банката не е само место каде што бројките се важни, туку и место каде соништата стануваат реалност. Без разлика дали станува збор за првата кредитна картичка, депозит или кредит, банката што ја сметате за доверлива игра клучна улога во вашето финансиска благосостојба и квалитетот на живот.

Нашата позната оперска пејачка Ана Дурловски веќе извесно време е корисник на лојалната програма на УНИБанка, уживајќи бројни бенефити. Ова  е нејзиното искуство:  Мојата професија е многу динамична, исполнета со проби, патувања, настапи, сè се случува во движете и немам време за комплицирани процедури или чекање во редици. Со УНИБанка и нивната лојална програма секојдневието ми стана многу полесно. Само ја префрлив платата и сѐ се смени! Добив пониски камати на кредитите, уживам во редовен cashback кога трошам со картичките, и уште подобро, кога штедам, штедам паметно. Имам контрола, дел од средствата се фиксни, дел се достапни кога и да ми затребаат. Сето тоа директно од мобилната апликација, преку неа си префрлам средства и го следам растот. Флексибилноста што ја чувствувам, поддршката што ја барам, со лојалната програма на УНИБанка, се е поедноставно. Затоа УНИБанка е и моја Банка!



Да се има своја банка, не е само поради потребата за правилно управување со финансиите, туку и начин да се создаде животен тек што овозможува слобода и фокус на она што е навистина важно. Кога во банката имаме партнер, таа може да ни помогне со практични решенија за плаќања и брз пристап до сопствените средства 24/7 преку современо дигитално банкарство.

УНИБанка е Банка во која лојалноста се наградува. Таа нуди бројни поволности за своите клиенти, обезбедува лична грижа и поддршка на секој клиент.


*Пр објава