Селска бајка во златна есен: Сара Мејс и Димитар со децата уживаат во шарената тишина на нивното омилено место

Најхармоничниот пар на македонската јавна сцена, пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, повторно докажуваат дека вистинската среќа се крие во едноставните нешта — во природата, семејството и мирот далеку од градската врева.
Овој пат, Сара и Димитар заедно со своите две деца, Илина и Кирил, го искористија есенскиот викенд за престој во нивното омилено прибежиште — селото Лупше, близу Самоков. Малото и тивко село, опкружено со густи шуми и чист воздух, е нивна редовна дестинација во сите годишни времиња, но очигледно судејќи според фотографиите есента таму има посебна магија.
Разнобојните лисја, мирисот на суво дрво и зрелиот плод на есента се рамнотежата која им ја нуди природата, а тие тоа знаат да го ценат. Прошетките низ шумските патеки со децата, берењето ореви и капини, и уживањето во тишината се нивниот рецепт за поврзување со природата и меѓусебно.
Домот во Лупше им е скромен, но исполнет со топлина, љубов и поглед кон златната есен. Иако Сара и Димитар се дел од јавниот живот, токму со ваквите моменти покажуваат дека сè што е вистински вредно, најчесто се наоѓа надвор од светлата на сцената – во природата, во тишината и во семејната блискост.
Во време кога се чини дека сите брзаме, нивниот пример е потсетување дека душата понекогаш најмногу се храни со мир, тишина и прошетка по селска патека.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм