Сите добро ја знаеме: Ова е партнерката на Лозано и мајка на неговото дете која ја крие од јавноста

Долги години успеваше да ја задржи далеку од очите на јавноста, но Влатко Лозаноски, конечно е „разоткриен"! Македонскиот пејач, кој важи за еден од најпопуларните и најомилените музичари во земјава, криеше од јавноста дека ќе стане татко.
Долго во медиумите не се пишуваше која е неговата партнерка, но една фотографија „ја отвори пандорината кутија“.
Изминатиот викенд Лозано направи крштевка за малиот Марко, а на истиот ден го прославија и неговиот прв роденден. По тој повод пејачот конечно со фановите сподели фотографии на социјалните мрежи од овој убав момент. Но фотографиите, освен што ги стоплија срцата на обожавателите, открија нешто многу поголемо, открија која е неговата партнерка која ја чуваше во јавноста.
Покрај него, и неговата долгогодишна – но сега веќе потврдена – партнерка, објави фотографија со малиот Марко. Со тоа, јавноста конечно дозна кој е мистериозниот женски лик кој сите овие години беше во сенка.
Станува збор за поранешната манекенка од Валандово, преубавата Савка Грачанин, со која Лозано беше во врска пред неколку години. Во 2017 година пејачот и Савка ја објавија својата свршувачка, но неколку месеци подоцна, ненадејно ја раскинаа.
Сепак, судбината очигледно имала други планови. Иако разделени пред очите на јавноста, љубовта меѓу нив, изгледа, никогаш целосно не згаснала. Сите овие години, Лозано и Савка успеале да ја одржат својата блискост далеку од медиумите, за на крајот повторно да се пронајдат – а како круна на таа обновена љубов, во 2024 година да го добијат својот син Марко.
Фотографиите од роденденот и крштевката, го открија и семејниот мир и среќа што Лозано очигледно долго ја чувал само за себе. А според насмевките на сите, посебно на родителите – љубовта не само што се вратила, туку и се зацврстила.
РЖМФото: Фејсбук